АМЕРИКАНКАТА ВО РОМАНТИЧНО РАСПОЛОЖЕНИЕ

Серена го покажа својот свршеник, но и патиките и прстенот!

Серена Вилијамс го покажа својот свршеник и свршеничкиот прстен преку пост на „Редит"

објавено: 6 јануари 2017 - 19:30

Вилијамс, која е во врска со ко-основачот на „Редит“, Алексис Оханијан претходно на социјалните мрежи постави фотографија од наводниот прстен направен од тако, овојпат го покажа прстенот, но и новиот пар патики од нејзиниот спонзор „Најк“.

„Свршенички патики“, напиша Вилијамс.

Сепак, фановите најмногу го забележија блескавиот дијамантски прстен на нејзината лева рака. Вилијамс откри во декември дека 35-годишниот Оханијан ја однел на патување во Рим и и предложил брак во истиот ресторан во кој првпат се сретнале. 

Engagement shoe game from Sneakers

Најново во Другата страна на спортот