АМЕРИКАНСКАТА ТЕНИСЕРКА ОБЈАВИ ГОЛЕМА ВЕСТ

Серена Вилијамс е бремена!

Серена Вилијамс е бремена и го очекува своето прво дете, може да се заклучи од нејзиниот пост на „Снепчет" на кој е во жолт костум за капење и на кој напиша само „20 недели"

објавено: 19 април 2017 - 18:40

23-кратната гренд слем шампионка е свршена со ко-основачот на „Редит“, 33-годишниот Алексис Оханијан, врска која ја откри во декември

Вилијамс го освои 23-тиот гренд слем во кариерата на Австралискиот опен во јануари, но по се изгледа нема да може да стигне до рекордниот 24 (со кој би се израмнила со Маргарет Корт) оваа година.

 

Најново во Другата страна на спортот