ПО ИНЦИДЕНТОТ ВО ДЕЈВИС КУП ДУЕЛОТ

Шаповалов се спријатели со судијата

Канадскиот тенисер Денис Шаповалов вели дека станал „добар пријател" со судијата кого го удри во око со топче во Дејвис куп дуелот со Британија

објавено: 13 јуни 2017 - 19:55

Во одлучувачкиот меч со Британецот Кајл Едмунд, 18-годишниот Шаповалов се налути по загубен поен и удри топче во лутина, кое го погоди Арну Габас во окото и тој мораше да оди на операција. Шаповалов беше дисквалификуван.

„Си праќаме пораки често. Се работи за навистина одличен човек. Ми помогна да поминам низ тоа, и воопшто не беше лош. Вистински џентлмен“, вели Шаповалов.

Шаповалов, кој е јуниорски шампион од Вимблдон во 2016 година, признава дека му било тешко по инцидентот.

„Беше многу тешко во тие моменти и тој момент уште ми е во главата во секојдневниот живот. Го ’прескокнав’ следниот турнир. Не сакав да излезам од кревет. Прво, мајка ми ме натера да ги прошетам кучињата, а потоа почнав да излегувам. Тоа ми помогна како личност и како тенисер. Сега сум посмирен. Тоа беше лоша среќа за мене и за судијата, но сепак, причината беше мојата лутина. На чуден начин станавме пријатели“, вели Шаповалов.

Најново во Другата страна на спортот