ИНОВАТИВЕН ПЛАН ЗА БОРБА ПРОТИВ ДОПИНГОТ

Шест доктори ќе ги „следат“ Кенијците

Кениските атлетичари го поддржаа планот со кој шест интернационални доктори ќе ја водат анти-допинг програмата за нивните најдобри тркачи и ќе ги разгледуваат примероците

објавено: 16 јануари 2017 - 22:00

Допинг-случаите станаа голем проблем за Кенија и за малку ќе донесоа исклучување на земјата од Олимпијадата во Рио, но на крајот ИААФ објави дека источноафриканската земја е ставена под „грижа“ на федерацијата.

„Ова е добар чекор напред и голема вест за нашата земја. Јас сум задоволен иако мислам дека треба да има и други мерки“, вели олимпискиот шампион во маратон, 34-годишниот Елиуд Чипкоге.

Според шефот на Кениската атлетска федерација, Џексон Тувеи 49 атлетичари паднале на допинг-тест во последните пет години.

„Спортистите кои нема да се согласат со планот нема да можат да настапуваат“, изјави Тувеи по состанокот со најдобрите 100 атлетичари во Елдорет.

Најново во Другата страна на спортот