ХОРОР ВО КОЛУМБИЈА

ШОКАНТНА ИСПОВЕД НА ФУДБАЛЕР КОЈ ПРЕЖИВЕАЛ АТЕНТАТ: „Ми чукаше на прозорецот и рече дека ќе ме убие"! (ВИДЕО)

објавено: 14 ноември 2018 - 19:30

Колумбискиот фудбалер Хуан Себастијан Кинтер преживеал атентан откако навивач на неговиот клуб, Депортиво Кали пукал во автомобилот кој го возел.

„Стигнав до својата зграда и слушнав како некој 'тропа' на прозорецот на автомобилот. Го впери пиштолот во мене и ми рече: 'Ќе те убијам кучкин сине'. Ми требаа само две-три секунди, а потоа дадо гас и побегнав. Пукаше по мене, ја погоди вратата, а брат ми и јас за среќа останавме неповредени. Единственото што видо на напаѓачот беше тренерката од Депортиво Кали"- раскажа Кинтеро, кој на полицијата и призна дека добивал заканувачки пораки на социјалните мрежи, но и тоа дека тие биле „нормални", какви што добивата многумина фудбалери.

Се сомнева дека мотив за нападот е поразот на Депортиво во четвртфиналето од Купот на Јужна Амрика од аргентинскиот Санта Фе.

Овој 23 годишен фудбалер целата своја кариера игра за овој клуб. Само минатата година, на кратко, заминал на позајмица во Спортинг од Хихон, но таму не доби вистинска прилика и се врати назад во Колумбија.
Една од најопасните земји на светот во која ова не е прв пат за да се случи ваков инцидент.
Се памети трагедијата од 1994 година кога е убиен репрезентативецот Андрес Ескобар затоа што си постигна автогол на Мундијалот во САД.
После Светското првенство во Русија, Карлос Бака и Матеус Урибе имаа непријатни ситуации. Добиваа сериозни закани поради нереализираните пенали против Англија.

Најново во Другата страна на спортот