Шпанија во дилема: Дали овој гол е регуларен?

Интересен момент на мечот помеѓу Атлетико Леванте и Бадалона во шпанската Сегунда Б. Автогол кој не смееше да биде признаен, но судијата оцени дека се е тука чисто. Арбитарот очигледно не ги научил сите фудбалски правила.

објавено: 12 февруари 2019 - 19:21

Врз играчот Руло беше направен прекршок, а тој го изведе слободниот удар со тоа што шутна кон својот голман не знаејќи дека тој е застанат на страна. Топката заврши во неговата мрежа, а судијата го призна погодокот за водство на каталонската екипа.

Но дали голот е регуларен или не? Токму тоа прашање се поставува во Шпанија деновиве. А одговорот може да се најде во правилникот на ФИФА во делот за слободни удари.

Во овој случај играчот изведува слободен удар и шутира кон сопствениот гол и притоа никој друг не ја допира топката која завршува во голот, па судијата во оваа ситуација требало да им ја додели топката на противничкиот тим, во случајов корнер.

 

Најново во Другата страна на спортот