НОВА УЛОГА ЗА ГЕРМАНСКИОТ ФУДБАЛЕР

Швајни се обиде да биде модел!

Бастијан Швајнштајгер очигледно ужива во животот во Чикаго, откако се појави на модната писта при „Сокер & стајл" модното шоу во ветровитиот град

објавено: 4 мај 2017 - 22:30

Швајнштајгер, заедно со својата сопруга, поранешната гренд слем шампионка, Ана Ивановиќ, постојано беше забележуван на НБА-натпревари, шоу-бизнис појавувања, но овојпат се обиде на модната писта со неколку различни модели од „Банана рипаблик“.

Модното шоу се оддржува веќе петта година во низа, а собраните средства се користат за пожарникарите во Чикаго. Швајштајгер замина од Манчестер јунајтед во МЛС-лигата во март.

Најново во Другата страна на спортот