НЕГОВАТА ПРОГНОЗА НЕМА ДА И СЕ ДОПАДНЕ НА СОПРУГАТА

ШВАЈНИ СИ ИГРА СО ОГАН: Извини Ана, Германија ќе ја победи Србија (ВИДЕО)

Поранешниот германски репрезентативец Баштјан Швајнштајгер „предвидува" дека неговиот национален тим во осминафиналето ќе ја победи Србија и дека во финалето ќе игра против Белгија.

објавено: 17 јуни 2018 - 13:00

А што на едно такво предвидување ќе каже неговата сопруга, Србинката Ана Ивановиќ?

Популарниот „Швајни" оцени дека Србија ќе биде втора во групата, зад селекцијата на Бразил, и дека во осминафиналето ќе ги одмери силите со неговата Германија.

„Мојата жена е од Србија. Тоа ќе биде проблем. На Мундијалот во 2010 година, Германија загуби со 1:0 во групната фаза. Точно е, сега треба да им се осветиме. Мислам дека Германците ќе поминат. Извини Ана, ама работа е во прашање"- кажа германскиот ас, кој сега игра во САД.

Во финалето пак, некогашниот играч на минхенски Баерн ги „виде" Германија и Белгија.
Првиот меч на Мундијалот, Србија и Германија ќе го одиграат денеска. Ривал на српските „орли" ќе биде Костарика, додека „панцирите" ги чека репрезентацијата на Мексико.

Најново во Другата страна на спортот