ГЕРМАНЕЦОТ САКА ДА ОСТАНЕ ВО ФОРМА

Швајни тренира со својата жена!

Германецот Бастијан Швајнштајгер откако го загуби местото во тимот на Манчестер јунајтед, реши својата физичка подготвеност да ја оддржува со тренинг со неговата сопруга, тенисерката Ана Ивановиќ

објавено: 13 октомври 2016 - 22:47

Кариерата на Швајнштајгер влезе во надолна линија откако Жозе Мурињо го презеде тимот на Јунајтед и тој нема играно цела сезона, откако претходно се повлече од германската репрезентација во август.

И покрај ова, 32-годишниот Германец реши да остане во Јунајтед и да се бори за место во тимот.

 

 

Најново во Другата страна на спортот