КОГА ЉУБОВТА НЕ ПОЗНАВА ГРАНИЦИ

Си најде убава Американка за жена, на детето му дадоа руско име...

Центарот на репрезентацијата на Србија, Огњен Кузмиќ може да се пофали со една од најинтересните љубовни приказни. Иако неговата кариера често одеше по некој неочекуван тек, интересен е и неговиот приватен живот...

објавено: 2 септември 2017 - 15:05

Најчесто се вели дека „љубовта не познава граници"... И се чини дека такво нешто има на секој чекор, па и во оној кошаркарски дел од врвниот спорт.

Доказ плус за оваа „констатација" е и примерот на Огњен Кузмиќ...


Додека како стартер се обидува на селекцијата на Србија да и донесе некој медал од Евробаскетот кој почна пред два дена, со овој висок кошаркар оди и една доста интересна љубвна приказна.
Поврзана е со некои сосема различни делови од светот, се „протега" од Америка па се до Русија...


Довчерашниот играч на белградска Црвена Звезда, а од следната сезона на славниот Реал Мадрид за време на својот престој во Америка, и играњето на актуелниот НБА шампион, во тоа време, се запозна со Томиша Ромо, својата денешна сопруга.

„Сопругата е Американка, од Сан Франциско. Минатото лето во Америка ја направивме онаа граѓанска венчавка, а кога ќе има прилика за тоа, ќе направиме славење и во Белград.
Пред 14 месеци добивме и син, а му го дадовме името Николај. И морам да кажам дека дека немавме никакви недоразбирања со сопругата околу името. Не е важно што Русите и Американците не се во добри односи" – коментира Кузмиќ.

И иако се на доста далечно растојание првиот центар на „орлите" сака Николај да го зборува неговиот, српски јазик, иако е свесен дека понатаму ќе живее на релација Србија-Америка, односно сега, откако стана играч на Реал, на релација Мадрид-САД.

„Имав тригодишен договор со Црвена Звезда, и сакав за тоа време да го научи нашиот јазик, и да ја прифати нашата култура и менталитет. Не сме размислувале каде ќе живееме кога ќе завршам со професионалната кариера. Но многу веројатно е дека ќе бидеме таму некаде, на 'половина пат', и во Америка и тука. Така е најдобро, убаво ни е на двете дестинации"- вели Кузмиќ во пресрет на мечевите од групната фаза на ЕП во Турција, каде заедно со своите репрезентативни другари е стациониран во овие дваесетина дена.

Најново во Другата страна на спортот