АРГЕНТИНЕЦОТ ОТКРИВА

Синот на Меси не сака фудбал!

Лионел Меси вели дека неговиот син Тиаго не го сака фудбалот и дека ги гледа натпреварите на Барселона само поради тоа што е пријател со синот на Луис Суарез, Бенјамин

објавено: 14 март 2017 - 22:30

По се изгледа, синот на Лионел Меси нема да го следи својот татко. Четиригодишниот Тиаго Меси прави напор да го гледа својот татко како игра на Ноу Камп само за да поминува време со Бенјамин Суарез.

„Тој навистина не го сака фудбалот. Оди поради Бенја и некои други пријатели од училиштето, но навистина не е голем фан на фудбалот. Не е како синот на Суарез, кој е со топката по цел ден“, вели Меси во интервју за угругвајската ТВ.

Најново во Другата страна на спортот