капитенот на аргентина супер ги подготвил своите наследници

Синовите на Меси ќе бидат „луди“ навивачи на СП (Видео)

Малите Матео и Тијаго може да бидат вистински водичи на навивачите на трибините за време на Мундијалот во Русија

објавено: 31 мај 2018 - 12:30

Лионел Меси заедно со совоите соиграчи се подготвува за претстојното Светско првенство во Русија. Аргентина во пријателски меч пред два дена го победи Хаити со 4:0, а токму Меси даде три погодоци, а имаше и една асистенција. 

Но, не е само Лео подготвен за на Мундијалот. Подгтовени се и неговите синови. Малите Матео и Тијаго покажаа дека ќе бидат едни од најгласните поддржувачи на нивниот татко, но и на целата репрезентација на „гаучосите“.

Погледете како синовите ја пејат најпознатата песна за Аргентина на фудбалските натпревари. 

Најново во Другата страна на спортот