НОВ ЦИРКУС ВО РУСИЈА!

Со петел фрлаше кон тренерот предавник, сега може да заврши во затвор! (Видео)

Имало фрлање со свински глави, со мобилни телефони, но никогаш со жив петел

објавено: 17 април 2018 - 12:00

Еден навивач на рускиот второлигаш Луч Енергија реши на неверојатен начин да го изрази револтот кон тренерот на неговиот омилен тим, Александар Григоријан. Овој стратег пред неколку сезони беше на клупата на Луч, но реши да си замине, за да го предводи тимот на СКА, кој е голем ривал на Луч.

Сега Григоријан повторно се врати во Луч, но навивачот на Луч му го памти тој „предавнички“ потег на тренерот па реши со жив петел да фрли кон него, во знак на револт. Нормално петелот не стигна до посакуваната цел, туку летна и заврши покрај аут линијата. За својот потег, навивачот може да добие 15 дена затвор.  

Најново во Другата страна на спортот