ВЕЛОСИПЕДИСТИТЕ БИ СЕ ОБИДЕЛЕ СО РЕЧИСИ СÈ

Со вијагра до подобри перформанси?

Велосипедистите на британскиот Тим Скај користеле вијагра при тренинзи на височина за да дознаат дали така се добиваат подобри перформанси, тврди британскиот весник „Дејли мејл"

објавено: 9 март 2017 - 17:50

Тие добиле од средството за подобрување на потенција на тренинг-камп на основањето на тимот во 2010 година. Вијаграта не е на листата забранети супстанции на Светската анти-допинг агенција (ВАДА), така што не е забрането користењето, но некои сметаат дека таму и е местото поради зголемувањето на циркулацијата на крвта и доставувањето на кислород до мускулите.

„Има кредибилни извештаи дека во некој случај се подобруваат перформансите, така што местото и е на листата на забранети супстанции. Искрено, не е добра идеја да се обидуваш со вијагра ако си велосипедист и тренираш напорно“, вели Дон Кетлин, анти-допинг експерт.

Тим Скај не одговори на шпекулациите.

Најново во Другата страна на спортот