ТОЈ Е ДЕФИНИТИВНО НАЈЛУДИОТ ФУДБАЛЕР ВО ИСТОРИЈАТА

Спиел со 400 жени, оргијал со соиграчите, а прекарот му е германска порно ѕвезда! (ВИДЕО)

Фудбал, секс и алкохол...

објавено: 16 октомври 2018 - 21:25

Поранешниот фудбалер на Челзи и на Бирмингем, Рој Мекдоналд, дефинитивно е еден од најлудите играчи кои некогаш стапнале на фудбалскиот терен.

Овој контроверзен фудбалер во кариерата има заработено неверојатни 22 црвени картони, беше исклучително активен и на теренот и надвор од него.

„Најлудиот фудбалер кој забиваше и на теренот и надвор од него" - така до опишаа англиските медиуми, Рој кој го прослави својот 60. роденден

За 18 години кариера, Мекдоналд одигра 650 натпревари, постигна 150 голови, а имаше дури 22 исклучувања.

Беше „вреден" и надвор од „зелениот тепих". Во својата автобиографија откри дека имал 400 сексуални партнери, призна дека сакал да оргија со соиграчите и дека полно преносливите болести не му биле непознати.

Неговиот мото беше: „Победи или загуби, но сеедно, напиј се!"

Како свој најголем трофеј во кариерата го истакнува освојувањето на мис на Велика Британија, Кристина Хјутон, а се пофали и со тоа дека ја освоил „ со половина литро пиво и една фунта".

Често знаел да вози „мртов-пијан", но на негова среќа, нти еднаш не доживеал сообраќајна несреќа. Во една прилика му била одземена возачката дозвола, и тоа во траење од неверојатни 30. месеци!!!

 

 

 

 

 

 

Најново во Другата страна на спортот