РАЗЈАСНЕТА СИТУАЦИЈАТА ОД ПРЕД ТРИЕСЕТ ГОДИНИ

Спорт Ресифе се бразилски шампиони, но од 1987 година!

Бразилскиот врховен суд одлучи дека тимот на Спорт Ресифе се праведните шампиони на првата лига во 1987 година, ставајќи крај на 30-годишната битка со ривалите Фламенго од Рио де Жанеиро

објавено: 19 април 2017 - 22:17

Во тоа време, имаше две паралелни лиги во Бразил, па Спорт станаа шампиони на едната, а Фламенго во другата. Фламенго одбија да играат плеј-оф за титулата и оттогаш двата тима се во вербална војна кој е вистински шампион.

„Правдата уште еднаш покажа дека титулата од 1987 припаѓа само на Леао. Спорт се шампионите на Бразил од 1987, исто како што беа пред 30 години“, се вели во соопштението на тимот.

Најново во Другата страна на спортот