ЧЕХИНКАТА ПРОДОЛЖУВА СО РЕХАБИЛИТАЦИЈАТА

„Среќната“ Квитова се врати на тренинзи!

Петра Квитова повторно е на тенискиот терен, почнувајќи со тренинзите по страшниот напад со нож кој и се случи во декември

објавено: 2 мај 2017 - 21:30

Провалник влезе во нејзиниот дом во чешкиот град Простејов и ја исече на левата рака, по што таа мораше да оди на операција и беше неизвесно дали ќе може да ја продолжи кариерата.

27-годишната двократна гренд слем шампионка најави дека е пријавена на Ролан Гарос, но дека тоа не значи дали ќе игра на вториот гренд слем турнир од годината. Сега, таа на Инстаграм покажа дека е во Монако за да „удира вистински топчиња“.

„Здраво на сите! Се надевам дека оваа фотографија ве прави среќни како што јас сум среќна“, напиша Квитова.

 

Најново во Другата страна на спортот