КОЈ ВЕЛИ ДЕКА СВЕТОТ БИЛ ГОЛЕМ?

Српско-хрватска комбинација во Мајами: Ноле и „коцкастите (ФОТО)

„Подготовките" на националниот тим на Хрватска, пред пријателските средби со Перу и со Мексико, закажани во САД, се „продолжени" во „Американ Еирлајнс" Арената во Мајами.

објавено: 22 март 2018 - 11:32

„Подготовките" на националниот тим на Хрватска, пред пријателските средби со Перу и со Мексико, закажани во САД, се „продолжени" во „Американ Еирлајнс" Арената во Мајами.

„Коцкастите" се упатија кон салата за да се одморат со гледање на натпреварот од НБА лигата во кој се сретнааа Мајами Хит и Њујорк Никс (119:98).

Но дел од фудбалерите, како Модриќ, Перишиќ, Ракитиќ и Ковачиќ не очекуваа дека ќе се најдат во друштво на еден од најдобрите тенисери на светот, Србинот Новак Ѓоковиќ.
На својот Инстаграм профил токму Иван Ракитиќ го забележа тој момент со фотографија покрај која напиша: „Голема чест".

Лука Модриќ пак го „дополни" со уште еден фотос, подароците кои ги добија од домаќинот, дресови со нивните презимиња на грбот.

Најново во Другата страна на спортот