СЕ СЛУЧИ ЛИ ЧУДО!?

Стана од инвалидска количка за да ја прослави победата на омилениот тим (Видео)

Неверојатен начин на прослава на триумфот имаше еден англиски навивач, по дуелот Плимут - Бристол Роверс

објавено: 21 март 2018 - 08:00

На мечот меѓу Плимут и Бристол Роверс се случи еден чден момент. Навивач на Плимут стана од инвалидска количка, за да ја прослави победата на својот тим. Домаќините победија со 3:2, а на видеото кое е снимено, се гледа еден постар навивач како станува од инвалидската количка, за да го прослави триумфот. 

Сепак, подоцна беше утврдено дека тој навивач, воопшто нема никаква физичка попреченост, а количката припаѓала на едно 14-годишно дете. 

„Тоа е мојата количка. Јас сум 14-годишник и сум со посебни потреби. Секогаш количката ја оставам на страна, додека трае мечот. Овој човек ја позајмил само за забава“, објасни малиот 14-годишен Оскар Најт.  

Најново во Другата страна на спортот