во рамки на проектот "Фудбал за Пријателство"

Стефан Талевски и Симона Костадинова ја претставија Македонија

Деца од 64 земји учествуваа во петтата сезона на „Фудбал за Пријателство" во Санкт Петерсбург

објавено: 5 јули 2017 - 16:30

Петтата сезона на детскиот меѓународен општествен проект „Фудбал за пријателство" на „Газпром" се одржа изминатата недела, во Санкт Петербург.

Овој проект ги обедини младите фудбалери – Амбасадори на проектот, од 64 земји. Момчиња и девојчиња на 12 годишна возраст беа групирани во 8 интернационални Тимови на Пријателство. Улогата на тренери ја изведоа млади фудбалери - учесници во претходните сезони на проектот.


Од 27. до 29. Јуни беше одржан Интернационалниот Камп на Пријателство. Беа спроведени тренинзи, водени од млади тренери и познати фудбалери, кои им помогнаа на младите фудбалери да воспостават меѓусебни односи, да ги елаборираат тимските тактики и да ја почувствуваат поддршката од останатите членови во тимот.


Македонските учесници - Младите Амбасадори Стефан Талевски, млад фудбалер од подмладокот на ФК „Пелистер" од Битола и Симона Костадинова, млад новинар - ученик од Скопје беа дел од сите активности на проектот заедно со младите претставници од останатите земји. Стефан се натпреваруваше во Цијан Тимот на Пријателство, а Симона, како млад новинар, известуваше за сите настани во рамки во детскиот „Фудбал за Пријателство" прес-центар.
На 1. Јули фудбалерите на Петтата сезона на детскиот меѓународен општествен проект „Фудбал за пријателство" на „Газпром" се обединија во Тимови на Пријателство се сретнаа на смарагдно зеленото фудбалско игралиште и им демонстрираа на гостите од целиот свет дека пријателството е возможно без разлика на полот, физичките способности и националноста.

„Навистина уживам што сум овде, првиот пат учествував во овој проект како фудбалер, а овој пат сум млад тренер. Оваа нова улога е тешка за мене затоа што морам да бидам пример за мојот тим и морам да ги водам. Сигурна сум дека мојата иднина ќе биде поврзана со спортот." – ги сподели своите емоции единственото девојче – тренер.

Пред започнувањето на финалните натпревари, главниот тренер на тимот од Санкт Петербург кој игра рагби во инвалидски колички, преку ждрепка ги извлече паровите тимови кои ќе се натпреваруваат меѓу себе.
Кулминацијата на натпреварувачкиот дел на Петтата сезона на детскиот меѓународен општествен проект „Фудбал за пријателство" на „Газпром" беше уникатната церемонија за доделување на награди на финалистите.

Капетаните на тимовите беа наградувани со медали, дипломи и специјални награди. Дел од оваа свеченост претставуваше и гласањето за светски фудбалски тим кој ги поседува и промовира деветте клучни вредности на проектот. Симона ја имаше честта да го презентира трофејот – награда за избраниот тим на пред присутната публика на одржаната церемонија.


Младите учесници кои не учествуваа во финалето одржаа голем бројни пријателски средби за поддршка на вредностите на програмата на „Фудбал за Пријателство". Младите спортисти добија поддршка од главниот Руски Амбасадор на проектот – најдобриот стрелец во историјата на Рускиот Национален Тим, Александар Кержаков (Alexander Kerzhakov), главниот тренер на Рускиот Национален Тим, Станислав Черчесов (Stanislav Cherchesov) и првите луѓе на Руската Фудбалска Унија. Повеќе од 200 новинари од водечките спортски меѓународни медиуми и претставници од фудбалски асоцијации кои присуствуваа на игрите.

За проектот „Фудбал за Пријателство"

Меѓународниот детски општествено-одговорен проект „ФУДБАЛ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО" го реализира Акционерското Друштво „Газпром", официјален партнер на ФИФА и Светското првенство за фудбал 2018 година, во рамки на програмата „Газпром за децата". Целта на овој проект е развој на детскиот фудбал, популаризациjа на младинскиот спорт, и здравиот начин на живот, како и едукација за толеранција и промовирањето на пријателството меѓу децата од различни земји, националности и култури. Клучните вредности коишто ги поддржуваат и ги промовираат учесниците се пријателство, еднаквост, праведност, здравје, мир, посветеност, победа, традиција и чест.
Во 2017 година, земји – учеснички на проектот беа: Алжир, Аргентина, Ерменија, Австрија, Азербејџан, Бангладеш, Белорусија, Белгија, Боливија, Бразил, Бугарија, Кина, Хрватска, Чешка, Данска, Египет, Естонија, Финска, Франција, Германија, Гана, Грција, Унгарија, Исланд, Индија, Иран, Ирак, Италија, Јапонија, Казахстан, Киргистан, Латвија, Либија, Литванија, Македонија, Мексико, Мозамбик, Холандија, Норвешка, Пакистан, Полска, Португалија, Романија, Русија, Србија, Сингапур, Словачка, Словенија, Јужна Африка, Јужна Кореа, Шпанија, Швајцарија, Сирија, Таџикистан, Танзанија, Турција, Туркменистан, Украина, Уругвај, Обединетото Кралство, САД, Узбекистан, Венецуела и Виетнам.

Најново во Другата страна на спортот