И СУДИИТЕ ЗНААТ ДА ПРИМААТ ШЕГИ НА СВОЈА СМЕТКА

СУДИЈА ДОБИ ЖОЛТ КАРТОН: И тоа за наводно симулирање? (ВИДЕО)

Јохем Кампхуис, судијата на средбата Витесе-Твенте (5:0), беше главна ѕвезда на мечот....

објавено: 30 април 2018 - 15:00

Јохем Кампхуис, судијата на средбата Витесе-Твенте (5:0), беше главна ѕвезда на мечот....

Но не во смисол на кој обично се говори и пиува за арбитрите, оној негативниот.
Односно кога со своите лоши одлуки го кројат резултатот и им го крадат шоуто на фудбалерите.
Овој млад холандски судија покажа дека знае да прими шега, и тоа добронамерна, на своја сметка, и на тој начин ги воодушеви фудбалските фанови низ Холандија.
Во еден дуел на центарот на теренот, беа Адам Махер и Навароне Фор од другата, домашна страна, кој при падот го „закачи" судијата Кампхуис, кој притоа, помалку и театрално, падна долу на тревата. Фор пријде од него, се извии, по што доби одговор дека се е во ред, и дека нема замерки кон него.
А кога виде дека делителот на правдата на теренот има добра воља, домашниот фудбалер „брцна" во џебот на судијата и му покажа жолт картон поради „наводна симулација".
Сето тоа беше доволно да се појават насмевки кај актерите на оваа средба, па и кај главниот судија, кој на својот „судија" наместо прекорен поглед и картон, му даде „петка". 

Најново во Другата страна на спортот