Во дербито помеѓу ПСЖ и Нант

СУДИЈА КАКОВ РЕТКО СЕ ГЛЕДА: Го удри, па го исклучи играчот (ВИДЕО)

Бразилецот го доби вториот жолт картон затоа што го собори судијата Тони Шапрон... А откако падна, на општо изненадување на сите на стадионот, судијата „му врати" со тоа што го удри по ногата.

објавено: 15 јануари 2018 - 19:30

Фудбалерите на ПСЖ стигнаа до минимална победа на гостувањето кај нант. Но новито триумф на „светците" ќе остане во втор план, затоа што оној „првиот" му припадна на главниот судија на овој дуел.

Во последните минути од средбата, Нант остана со играч помалку откако беше исклучен Диего Карлос.
Интересно, Бразилецот го доби вториот жолт картон затоа што го собори судијата Тони Шапрон.

А откако падна, на општо изненадување на сите на стадионот, судијата „му врати" со тоа што го удри по ногата.
Навистина неверојатен момент на еден меч од елитната лига на Франција по кој очигледно е дека дисциплинската комисија на француската федерација отсега па натаму ќе треба да се занимава и со вакви работи.

Најново во Другата страна на спортот