И тоа се случи во Дагестан

Судијата постигна гол за домашните!? (ВИДЕО)

објавено: 1 октомври 2018 - 20:00

На фудбалски натпревар од аматерска лига во Дагестан, се случи и тоа - судијата постигна гол! Настанот се случил во 43. минута од средбата, кога при изведување на пенал, играчот на домашниот тим Манас не успеа да го совлада голманот на гостинскиот состав Кизилрут, но топката од рацете на голманот летна во главата на судијата и заврши во неговиот гол.

Иако гостите се жалеа на неверојатната ситуација, според фудбалските правила, судијата е дел од играта и нема ништо спорно во погодокот. На крајот дуелот завршил нерешено - 4:4.

Најново во Другата страна на спортот