РОСАРИО Е ПОДГОТВЕН ЗА СЛАВЈЕ

Свадбата на Меси ќе оди во живо: Аргентинецот поканил 150 новинари

Росарио е подготвен за свадбата на Лионел Меси. За разлика од останатите ѕвезди кои важните моменти ги слават далеку од јавноста, Аргентинецот, одлучи неговата свадба да се пренесува во живо во центарот на неговиот роден град.

објавено: 28 јуни 2017 - 15:17

Овој петок Лионел Меси ќе го каже судбосното ДА и тоа на неговата долгогодишна девојка, Антонела Рокусо со која има два сина. За разлика од останатите ѕвезди кои најважните моменти во нивниот живот сакаат да ги прослават далеку од очите на јавноста, Аргентинецот одлучи неговата свадба да се пренесува во живо во центарот на неговиот роден град, Росарио.

На големата веселба се повикани 260 гости и плус 150 новинари. Меси ги повикал само најблиските пријатели, па затоа нема покана за Марадона, а на неговата свадба нема да биде ниту некогашниот тренер на Барселона Луис Енрике. И Иниеста нема да дојде во Росарио, но поради оправдани причини, тој чека трето дете.

Од познатите ѕвезди треба да се појават Пике и Шакира, а како и Луис Суарез, Иван Ракитиќ и Сеск Фабрегас.

Најново во Другата страна на спортот