ДОБИЕНИТЕ 350.000 ЕВРА ЗАМИНАА ВО МАВРИТАНИЈА

Светскиот првак целата премија ја донираше за џамија

Земјата од северозападна Африка е на 11 место на најголеми земји на „црниот континент“

објавено: 22 јули 2018 - 19:50

Осман Дембеле дефинитивно е еден од оние играчи кои во изминативе две години се вивнаа на светско ниво. Минатото лето Дембеле направи трансфер и за сума од 105 милиони евра се пресели од Борусија Дортмунд во Барселона. Тоа е четврти најскап трансфер во историјата на фудбалот. 

Потписот со Барселона, автоматски значеше и сигурно место меѓу 23-те играчи кои ќе бидат дел од француската репрезентација на Светското првенство во Русија. Дембеле со 21 година успеа да стане светски првак, а со тоа да ја добие премијата од 350.000 евра, ветена од француската федерација. 

Сепак, Дембеле нема да потроши ниту едно евро од оваа премија. Причината е тоа што тој реши сите пари да ги донира во Мавританија. Тоа е земјата од каде потекнува неговата мајка, а Осман реши да даде пари за изградба на џамија во родниот град на неговата мајка.  

Најново во Другата страна на спортот