НОВ ЖИВОТ ЗА ПОРАНЕШНИОТ ШАМПИОН

ТАЈСОН И МАРИХУАНАТА – Не можат едно без друго

Овојпат, се чини дека се е законски, барем така велат во државата Калифорнија...

објавено: 2 јануари 2018 - 20:50

Откако пред извесен период во Калифорнија беше дозволена продажба на марихуана за медицински цели, поранешниот светски боксерски шампион, Мајк Тајсон најави отворање на плантажа со марихуана.

„Челичниот Мајк", кој ја турка 51 година од животот, заедно со своите партнери ќе ја засади оваа билка на простор, односно на површина од 40. хектари на голема плантажа која се наоѓа 60 километри југозападно од Националниот парк Дед Валеј.

На „Тајсон ранчот" ќе се вршат и истражувања на ефектот на медицинската марихуана.
Со новиот закон во Калифорнија, изгласан на референдумот во 2016 година, на луѓето постари од 21.година им се допушта легално поседување транспортирање, набавка, потрошувачка и дистрибуција до 28.5 грама на марихуана, односно осум грама на концентрирана марихуана.
Во согласност со законот, возрасните луѓе смеат да одгледуваат по шест билки (на едно домаќинство), но под услов да не бидат изложени на некое јавно место, а освоен тоа забрането е и конзумирање на јавни места.
Калифорнија стана седмата држава во САД каде со закон е дозволено користење на марихуаната во медицински цели. И тоа претставува голем бизнис во оваа држава, па со овие мерки се очекува тој да биде уште поголем.
Се проценува дека пазарот во Kалифорнија за овие цели „тежи" 1.6 милијарди долари, а таа вредност до 2020 година би можела да се зголеми до баснословни 6.4 милијарди.

Најново во Другата страна на спортот