НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПОМИРИ СО ФАКТОТ КАКОВ МОНСТРУМ Е ЛЕКАРОТ

Татко на една од жртвите сакаше да го претепа педофилот (Видео)

Тој ја замолил судиката да го пушти само пет минути да се види со „демонот“ за да може да му „објасни“ некои работи

објавено: 2 февруари 2018 - 19:40

Татко на еден од многуте гимнастичарки кои биле злоставувани од педофилот Лари Насар, не можеше да се помири со фактот дека неговата ќерка била жртва на човекот кој до крајот на животот треба да биде во затвор. 

Рандал Маргравес рече дека е скршен татко и започна да го пцуе Насар, додека судијката мораше да го исклучи од процесот. Потоа таткото ја замолил судијката да го пушти на само пет минути со монструмот за да му објасни некои работи. 

Откако судијаката му објасни дека така не се решаваат работите, таткото Рандал тргна кон осудениот Насар, сакајчи да го тепа. Веднаш реагираше обезбедувањето, кои спречи поголем инцидент. 

Насар е осуден на 175 години казна затвор поради злоставување на многу млади гимнастичарки во период од повеќе години.  

Најново во Другата страна на спортот