СКАНДАЛОЗНО ОДНЕСУВАЊЕ НА ТВ АНАЛИТИЧАРОТ

ТОЈ Е ЛЕГЕНДА НА ЛИВЕРПУЛ: Но плукна 14 годишно девојче - навивач на Јунајтед! (ВИДЕО)

Џејми Карагер е една од најголемите легенди на Ливерпул, но она што го направи по дербито со Манчестер Јунајтед става “црн печат“ на неговата кариера...

објавено: 12 март 2018 - 10:55

Џејми Карагер е во пензија, но и понатаму е во фудбалот. Во последните неколку години работи како стручен ТВ аналитичар, а од неговите остри коментари стравува цела премиер лига. 

Во саботата, на „Олд Трафорд“ во Манчестер се играше најголемото дерби на англискиот фудбал. Јунајтед го победи Ливерпул со (2:1), а два дена подоцна, сите англиски медиуми пишиваат за незапамтениот скандал во кој „во средина“ беше токму легендарниот дефанзивец на „црвените“.

При враќањето од „Олд Трафорд“, Карагер се возеше со својот автомобил, а покрај него, во друго возило еден повозрасен навивач заедно со својата ќерка. 

„Еј Џејми, беше 2:1“- се пошегувал навивачот откако го препознал Карагер во автомобилот.

Но овој имал „одговор“ за тоа. Од местото на кое седел плукнал кон автомобилот, односно во насока на  седиштето на кое седела 14 годишната девојка.

„Тато, тој плукна на мене“ - изреагирала таа.

А откако оваа снимка за срамниот инцидент излезе во јавноста, на Карагер не му преостана ништо друго туку да се извини. Но прашање е дали и покрај тоа ќе го задржи работното место. 

Најново во Другата страна на спортот