НЕ Е ИЗНЕНАДУВАЊЕ

Трамп ги повика Капиталс, но нема да испрати покана до НБА шампионот

Вашингтон капиталс го освоија „Стенли Купот“ со победата во финалната серија против Вегас Голден Нејтс, а титулата ќе може да ја прослават и во Белата куќа од каде им дојде покана, директно од претседателот на САД, Доналд Трамп.

објавено: 9 јуни 2018 - 08:00

Ништо чудно би се рекло,затоа што тоа е своевидна пракса, првиот човек на Америка да ги нагости најдобрите спортски екипи во САД.

Но затоа пак, вистинско изненадување е дека НБА шампионот е непосакуван во Вашингтон.


Повеќе од една година трае „војната" помеѓу претседателот на САД и одделни професионални спортисти и клубови. Оние кои не се сложуваат со неговите ставови и политика, не сакаат да се појават во неговата резиденција, а минатата седмица приемот кај првиот човек го одбија поголем дел од играчите на Филаделфија Иглс, шампионите во НФЛ лигата, по што таа средба во Белата куќа беше откажана.
Пред некој ден кабинетот на Трамп издаде соопштение во кое ги повика Ваингтон Капиталс во Белата куќа, но го одби приемот за шампионот во НБА лигата, без оглед на тоа дали ќе бидат Кливленд кавалирс или Голден Стејт вориорс.

„Ако тие сакаат да дојдат, ова е најдоброто место на планетата. Јас сум тука. Ако не сакаат да дојдат, ни јас не ги посакувам" – јасне беше Трамп.

А што се однесува до НБА финалистите, Трамп имаше поинаков одговор.

„Нема да ги викаме, ниту едните, ниту другите"...

Своите ставови против политиката на Трамп одамна ги изнесоа Стеф Кари од редовите на Вориорс, односно Леброн Џејмс, како предводник на Кливленд.

Најново во Другата страна на спортот