РИЗИЧЕН ПОТЕГ НА ОРГАНИЗАТОРИТЕ

Тур де Франс 2018 стартува на Пасаж ду Гоа

Велосипедистите на Тур де Франс 2018 ќе ја започнат трката од Пасаж ду Гоа, преминот до островот Ноармутие во Атлантскиот океан, кој двапати дневно е прекриен со вода поради плимата

објавено: 28 февруари 2017 - 21:30

Оваа година ТдФ почнува во Дизелдорф, но следната година најпозната велосипедска трка се враќа дома, откако организаторите ги објавија првите три етапи за 2018, кога трката почнува во западниот Пе де Ла Лоар регион на 30 јуни.

Првата етапа ќе стартува на Ноармутие и ќе вози до Фонтене-ле-Конт, ризичен избор ако се смета трката во 1999 година, кога неколку фаворити за победа имаа тежок пад бидејќи преминот беше воден.

Најново во Другата страна на спортот