ЌЕ ИГРА ФУДБАЛ ДОДЕКА ГО ДРЖАТ НОЗЕТЕ

Турчин на 70 години дебитираше за новиот клуб

Шериф Кунт, иако ја почнува осмата деценија на животот, нема намера да се откаже од фудбалот, а вчера дебитираше за својот нов клуб Кизилтепе Генчлербирлиги, кој настапува во една од аматерските лиги на Турција

објавено: 10 февруари 2019 - 11:30

Кунт го засили тимот на Кизилтепе пред неколку денови, а претходно настапувал за Карачај Генчликспор. Напаѓачот кој веднаш за добил капитенската лента одиграл 75 минути за новиот клуб, а истакна дека е среќен поради дебито.
Веќе 55 години играм во аматерска конкуренција и сум среќен. Минатата година играв за Карачај, сега сум во нов клуб. Не можев да ја одбијам понудата и одлучив да бидам пример на младите играчи. Дебитирав и задоволен сум од настапот", изјави Кунт кој додаде дека со ова сака да прати порака до младите луѓе кои го сакаат фудбалот и спортот, затоа што фудбалот и спортот не познаваат години. Важно е „тоа" да го имате во својата душа.

 

Најново во Другата страна на спортот