МОДА ИЛИ НЕ, СЕПАК...

Турците почнаа да плаќаат со биткоини!

Се случи и тоа, еден ниско рангиран клуб во Турција влезе во историјата кој како прв трансферот на еден играч го платил со биткоини.

објавено: 30 јануари 2018 - 21:00

Харунустаспор, клуб од регионалната лига на градот Сакарија, го плати Омер Фарук Кироглу со 0.0524 биткоини, што е околу 420 евра по курсот за време кога е реализирна овој трансфер и заверен во турската федерација.

„Омер го плативме со биткоин. Се со цел да се слушне за нашиот клуб во дел од светот. За нас сега се зборува и на ТВ станиците, и затоа сме горди. Харунустаспор е секогаш отворен за иновации. А со ова покажавме колку сме модерни" - изјави претседателот на овој турски четвртолигаш, Халдун Сехит.

Ако еден ден биткоинот дојде до вредност од неколку милиони долари, и ако им се верува на некои предвидувања, тогаш Кироглу можеби ќе стане и најскапиот фудбалер во иаторијата на Турција.

Најново во Другата страна на спортот