Социјалните мрежи стануваат се поважен дел за спортот

Твитовите кои ја одбележаа 2016

И оваа година, голем број на екипи, односно спортисти своите вести ги проследија на социјалната мрежа Твитер. Ние ќе ги одбереме 10. најпознати од нив

објавено: 31 декември 2016 - 13:15

Вистинско мерило за спортски успех се социјалните мрежи. Најпопуларните спортисти во светот имаат милионски следбеници и нивните објави се важни идентично како и тоа што го прават на теренот.
Како изгледаше 2016 на спортски план на социјалната мрежа Твитер, ќе ви илустрираме преку 10. твитови кои добија највеќе ретвитови.

10. Леброн Џејмс
„Можете да ме сакате или мрзите, но на крајот од денот ќе ме поддржувате" напиша „кралот" на социјалните мрежи, твит кој имаше 108.000 ретвита и 129.000 лајкови.

 

9. Кристијано Роналдо
Португалецот едноставно само постираше слика од освојувањето на титулата Европски шампион со Португалија.

8. Златан Ибрахимовиќ
„Утре е мојот последен меч за ПСЖ. Дојдов како крал, заминувам како легенда" беше текстот кој го напиша Швеѓанецот, кој притоа постираше и фотографија од „Паркот на Принцовите".

6. Коби Брајант
„Изминатава ноќ беше последно поглавје во мојата кариера. Заминувам во мир, знејќи дека љубовта према оваа игра и овој град никогаш нема да биде скршена" напиша Коби по последниот меч во кариерата.

5. Маршон Линч
Маршон Линч се поздрави од Сиетл со твит од два подигнати прста и фотографја од патики закачени на жица.

4. Кристијан Фукс
Германецот од редовите на Лестер објави видео каде што тој и соиграчите се радуваат откако и официјално ја освоија титулата во Премиер лигата.

3. Златан Ибрахимовиќ – Манчестер јунајтед
Популарниот Ибракадабра уште еднаш го „сруши" Твитер. Овој пат со објавата дека неговиот следен клуб ќе биде Манчестер јунајтед.

2. Мухамед Али
Заминувањето на големата легенда беше една од најпроследените вести на оваа мрежа. Повеќе од 255 илјади твитерџии ја пренесоа истата.

1. Лестер
Малиот клуб направи големо изненадување откако успеа да ја освои титулата во најинтересната лига. „Лестер сити е шампион на Англија" гласеше твитот на овој клуб. Твитот имаше 394.604 ретвита и 362.743 лајкови.

Најново во Другата страна на спортот