Докторка од Гватамела го привлече вниманието

Убавицата Лаура лечи фудбалери и обожава фиќо (ФОТО)

Ма каква Ева Карнеиро, оваа девојката од Гватемала го презема признанието за најубава докторка во фудбалот

објавено: 17 март 2017 - 11:20

Фудбалскиот клуб Сучитепекеза покрај тоа што е тежок за изговарање, речиси и да не е познат освен меѓу локалците. Сепак, овој клуб од Гватемала кој се наоѓа на последното место во најсилната лига од оваа држава ќе добие голема популарност. И не поради некој фудбалер, причина за тоа е Лаура Баријати, односно новата докторка на фудбалерите.

Имено раководството на овој тим се пожалило дека играчите се недоволно физички подготвени, а ние не веруваме дека сликата ќе се промени по доаѓањето на оваа докторка. Напротив, болката би била многу поубава. Според фотографиите кои можеа да се најдат на интернет меѓу кои голем дел од нив се провокативни, Лаура е и голем обожавател на легендарниот автомобил, популарното Фиќо.

Најново во Другата страна на спортот