ТРАГЕДИЈА ВО КЕНТАКИ

Убиена ќерката на Тајсон Геј!

Полицијата во Лексингтон, Кентаки потврди дека 15-годишната ќерка на американскиот спринтер Тајсон Геј е убиена при престрелка на две групи на паркинг во еден ресторан

објавено: 16 октомври 2016 - 18:28

Престрелката се случила во 4 часот наутро по локално време надвор од „Кук аут“ ресторанот во градот. Тринити Геј била веднаш однесена во болницатата во Универзитетот во Кентаки, но веќе била мртва.

Геј, кој е по потекло од Лексингтон, потврди дека неговата ќерка е мртва во интервју за локалната „Лекс 18“ ТВ-станица.

„Таа не се извлече. Многу сум збунет. Беше со мене за есенската пауза. Лудо. Не знам што се случило“, изјави Геј.

Тајсон Геј е американски рекордер на 100 метри и носител на второто најбрзо време на дисциплината зад Јамајчанецот Јусеин Болт. 15-годишната Тринити Геј, како и нејзиниот татко, трчаше на 100 и 200 метри во средношколските американски лиги.

Најново во Другата страна на спортот