ЗА НИВ ДРЕСОТ Е СВЕТОСТ

УЛТРАСИТЕ НА БЕНЕВЕНТО СЕ ГНЕВНИ: Овие нашиве се како мали девојчиња

Слабите игри на фудбалерите на Беневенто едноставно ги разбеснија дури и оние нажестоки навивачи на овој италијански клуб.

објавено: 23 декември 2017 - 19:15

Слабите игри на фудбалерите на Беневенто едноставно ги разбеснија дури и оние најжестоки навивачи на овој италијански клуб.

Тие дури испратиле и соопштение во кое најавуваат дека ќе го бојкотираат мечот, а на еден мошне интересен начин.

„Овие мали девојчиња забегале од фудбалот со својот, пред се, непримерен начин на живот. Но ги открија навивачите кои се спремни да протестираат против нив.
Ги повикуваме сите навивачи: не ги запирајте играчите на улица, не им давајте на значење, и внимание кое не го заслужуваат.
Не им барајте фотографии, поради кои подоцна ќе жалите. По своја природа играчите се платеници , деца на пороците кои немаат никаква врска со дресот кој ние го подржуваме
Никогаш немојте да навивате за индивидуи, битен е само дресот. Го повикуваме клубот да му обрне внимание на јуниорскиот тим затоа што е навистина понижувачки да се гледаат овоие девојчиња"- напишаа навивачите на Беневенто во својата Божиќна порака.

 

Најново во Другата страна на спортот