ВИКЕНД ПРИКАЗНА

Вардар и Пик Сегед ги збратимија Македонците и Унгарците

Иако дуелот меѓу Вардар и Пик Сегед веќе е зад нас, и македонскиот тим гледа кон мечот со Нант, сепак никогаш не е доцна кога станува збор за навивачка приказна.

објавено: 24 февруари 2018 - 11:45

Иако дуелот меѓу Вардар и Пик Сегед веќе е зад нас, и македонскиот тим гледа кон мечот со Нант, сепак никогаш не е доцна кога станува збор за навивачка приказна. До редакцијата на „Спортмедиа“ стигнаа интересни фотографии за едно големо пријателство помеѓу неколку фанови на „црвено-црните“ и унгарскиот вицепрвак, кое се „родило“ пред три години...

Сакајќи да ја задрживме автентичноста на приказната, одлучивме да ви ги пренесеме во целост импресиите на Филип Велјановски. 

„Ние сме група од пет навивачи од Скопје, која случјано на своја иницијатива заминавме на едно гостување на Вардар во Сегед пред три години. Иако градот делува мирно, како и народот што живее таму, сепак на првата проштека бевме малку уплашени, бидејќи бевме облечени во боите на Вардар и на Македонија.

Од страна на двајца симпатизиреи бевме поканети да одиме во кафуле каде се собираат фановите на Пик Сегед. Најпрво бевме резервирани, бидејќи таму беа нивните најверни ултрас навивачи. Но сликата брзо се промени, со насмевки на лицата не пречекаа, а за кратко време почнавме во еден глас да пееме заедничка песна за Вардар и Сегед, песна која и денеска ја пееме. Веќе бевме свесни дека се раѓа нова љубов.
Во Скопје дојде Веспрем, најголемиот ривал на Пик Сегед, во СЦ „Јане Сандански" закаќивме транспарент на кој пишуваше „Вардар – Пик Сегед пријатели“.

Дојде нова сезона во Лигата на шампионите, ние се покажавме како одлични домаќини, а потврдата за тоа дојде со благодарниците, како и фотографиите кои беа објавени на официјалната страница на Пик Сегед. Бевме топло поздравени од претседателот на клубот.

Минатиот октомви имавме нова средба на гостински терен, а таму веќе не чеакше исполнета 24 часовна агенда. Пријателски насмевки, заеднички ручеци, диско клубови и секако мечот, кој заврши нерешено. По оваа средба сите бевме среќни, никој немаше тажен, бидејќи нашето пријатлество беше најважно. Овој пат разменивме и сувенири, многу прегратки...

Како резултат на досегашното дружење, последниот викенд во Скопје дојдоа два автобуси со навивачи на Пик Сегед. Повторно минавме незаборавни часови заедно, а нивниот главен лидер рече:
„Го сакам Скопје, сакам да живеам во овој град. Сум бил на многу гостувања, но ова беше моето најдобро патување".

Ова дружење ќе продолжи и понатаму...Македонските фанови уште еднаш покажаа дека со лутите ривали можат да бидат вистински пријатели на трибините и надвор од нив. 

Најново во Другата страна на спортот