НЕВЕРОЈАТНА ПРИКАЗНА ЗА ЕДНО ФРАНЦУСКО СЕМЕЈСТВО

Важно е презимето – ТИЛИ

Тоа е едно сложно одбојкарко-кошаркарско семејство...

објавено: 10 март 2018 - 13:00

Тоа е едно сложно одбојкарско-кошаркарско семејство...

Има многу семејства кои оставиле свое место во светот на спортот. Макар во овој момент во преден план е Кари (Стеф е голема НБА ѕвезда, Сет игра на Дјук Универзитетот, нивниот татко Дел, екс играч во најсилната лига на светот, а мајката Сонија ѕвезда во универзитетската одбојка во САД.
Не се далеку ниту браќата Мејведер кои го дрмаат боксот во Америка и светот, уште помалку браќата Менинг (Арчи, Пејтон, Ели) кои ги нарекувааат величествена тројка на квотербекови во НФЛ.
Но такви семејства има и во Европа.
Приказната за спортското семејство Тили започнува со Гај Тили, одбојкарски репрезентативец на Франција, кој во далечната 1959 година ја освои лигата на Франција. Неколку години потоа му се роди првиот син, Лорен, кој е синоним за француската одбојка, а година дена подоцна, вториот, Патрис... Некогаш врвен ватерполист на „триколорите".

Лорент како тренер ја однесе својата селекција до насловот првак на Европа во 2015 година, а само неколку месеци подоцна, ја освоија и Светската лига, единствените две златни медали во француската одбојкарска историја.
Во 1988 година Лорент Тили го добива својот прв син – Ким, две години подоцна и вториот – Кевин. Десет години подоцна стигна и третиот син – Килијан, кој тргна се разбира, со одбојката. Но пред седум години го смени спортот – игра копарка, исто како и Ким.
Интересна ситуација се случи во текот на 2014 година. Најмладиот Килијан стана европски првак за играчи под 16 години, Ким дебитираше за сениорската кошаркарска селекција на „триколорите", а одбојкарите Лорен и Кевин го отворија Светското првенство со победа на нивната Франција против Порторико.
Момент за кој веројатно сонуваат многу семејства во светот.
Браќата Тили имаа скоро идентичен пат, се разбира, секој во својот спорт, со оглед на тоа дека сите тројца беа европски прваци во млади категории.
Во 2005 година Ким стана шампион на ЕП за играчи под 18, во 2008 Кевин беше јуниорски првак, а на европскиот трон Килијан се искачи во 2014 година, на ЕП за играчи до 16 години.
По истиот пат одеа и кога станува збор за образованието.

„Родителите не ни се мешаа во изборот на спортот со кој ќе се занимаваме. Ама имаа и еден јасен услов – мораме да се образуваме"- вели средниот брат, Kевин.

Ким играше за Универзитетот во Јута, Кевин пак беше одбојкар на Ирвинг Универзитет (две НЦАА титули), каде беше најдобар играч, додека од 2016 година, Килијан е студент на Универзитетот Гонзага. И пред само неколку дена со 22 поени беше најдобриот играч на тимот на финалниот меч од Западната конференција од НЦАА лигата.
Постарите браќа Тили, Лорен и Патрис, ја претставуваа Франција на Олимписките игри 1992 година во Барселона, кога Лорент забележа една работа.

"Мојот сон е да ги видам децата на Олимпијада, исто како што тоа ми се случи на мене и на мојот брат".

Не ни се надеваше дека таа желба ќе стане реалност во 2016 година. Во Рио Де Жанеиро, кога ја водеше одбојкарската репрезентација. Нејзин член беше Кевин, а Ким играше за кошаркарската.
Па така, две генерации Тили учествуваа на Олимпијадите, што не е баш чест случај во светот на спортот, тоа мора да се признае.
Освен настапот во Рио, Кевин стана шампион на Европа во 2015, го освои и златото во Светската лига, истата година.
Ким има бронза од СП 2014 година, а со оглед на тоа дека животниот пат на браќата е ист, само прашање на време е кога и Килијан ќе освои некој медал во сениорска конкуренција, и ќе ги повтори усшесите на родителите и на браќата.
Додека најмладиот Килијан ужива во игртите во Гонзага, Ким во овој момент игра за грчкиот Олимпијакос, додека Кевин е член на кинескиот клуб Пекинг.
Таткото Лорент е селектор на Франција а мајката Кароли е тренер во еден локален клуб во Кан-Сур-Мер каде живее ова семејство, едно од најспортските и во Европа и во светот.
Можеби и не толку познато семејство, но по многу нешта – единствено.
Без оглед на тоа дали и децата Ким, Кевин, или подоцна и на Килијан, ќе тргнат по спортскиoт пат, семејството Тили ќе остане запишано во историјата на европскиот, но и на светскиот спорт.

Најново во Другата страна на спортот