УБАВ ГЕСТ НА МАКЕДОНЕЦОТ

Верен навивач на репрезентацијата и подари дрес на мајката на Дражен Петровиќ (ФОТО)

Македонските фанови полека ги освојуваат срцата буквално на сите во Загреб. Еден од најголемите поддржувачи на сите национални тимови, популарниот Кипре денеска беше во посета на музејот „Дражен Петровиќ“. Тој оствари средба со мајката на кошаркарската легенда, Бисерка Петровиќ и подари дрес. 

„Пријатно сум изненадена од посетата и гестот. Овој дрес ќе има посебно место во музејот“, рече Бисерка, која секогаш е расположена за разговор со сите оние кои ќе дојдат да го посетат музејот на легендата - Дражен Петровиќ.

Од Загреб, Марија Ковачева

објавено: 13 јануари 2018 - 12:36

*Превземањето на оваа информација без согласност на СПОРТМЕДИА ќе биде санкционирано според Законот. 

Најново во Другата страна на спортот