МАДРИД ДОБИ МНОГУ

"ВИСЕНТЕ КАЛДЕРОН" НА БЕРЗАТА НА НЕДВИЖНИНИ: Атлетико со ќар 150.милиони евра

Се заедно тимот од Мадрид ќе биде на „позитивна нула"

објавено: 9 ноември 2017 - 18:30

Старата „Пеињета" е претворена во величествениот „Ванда Метрополитано" стадион, а култниот „Висенте Калдерон", ппо се изгледа ќе заврши како станбено-деловен комплекс, а притоа во клупската каса на Атлетико Мадрид ќе се слее сериозна бројка на евра.

Според наводите на локалните весници во Мадрид, квадрат станбен односно деловен простор во престолнината, има сосема добра цена, па во клубот процениле дека сега е вистинскиот момент за продажба на некогашниот стадион.

Конкурсот е веќе распишан, а консултантската куќа која доби задача да пронајде купец на маса веќе има пет понуди. Деталите се држат во тајност, но се дознава дека Атлетико бара 3.300 евра по квадратен метар, што би им донело заработка од 208. милиони евра.
Секако, прашање е дали ќе се дојде до таа цена, особено што потенцијалните инвеститори процениле дека за тоа место не може да се плати повеќе од 2.000 евра.
Сепак проценките се дека „двете страни" ќе се најдат на некоја средна вредност, и дека Атлетико би можел да смета на профит од 150. милиони евра.
Секако, сите тие пари ќе послужат да се покријат долгувањата (20.милиони плус) колку што претседателот на „јорганџиите", Енрике Серезо позајми од Мексиканецот Карлос Слим, еден од најбогатите луѓе на светот, токму поради изградбата на „Ванда Метрополитано".
Се заедно, една позитивна „нула" за Атлетико, но и супер модерен стадион во своја сопственост.

Најново во Другата страна на спортот