ЗОРАН ПРЕДИН ПЛАТИ ПРЕГОЛЕМА ЦЕНА

ВИСОКА ЦЕНА ЗА ЕДЕН БОКС – Нокаут „вреден" еден стан, макар и стар

Фронтменот на една од најпознатите музички групи кои потекнуваат од Словенија, а „растураа" низ Југославија ,наречена „Лачни Франц", се потсетува на инцидентот кој го предизвика за време на еден кошаркарски натпревар, одигран во Љубљана, кога незадоволен од крајниот епилог, физички нападна еден од судиите.

објавено: 3 април 2018 - 13:05

„Спојот" помеѓу музиката и спортот, барем во Словенија, до пред извесно време беше, односно се нарекуваше Зоран Предин.

Фронтменот на една од најпознатите музички групи кои потекнуваат од Словенија, а „растураа" низ Југославија ,наречена „Лачни Франц", се потсетува на инцидентот кој го предизвика за време на еден кошаркарски натпревар, одигран во Љубљана, кога незадоволен од крајниот епилог, физички нападна еден од судиите.

Дали е вистина дека сте платиле десетици илјади евра за инцидентот кој го направивте на тој евролигашки натпревар на вашата Олимпија?
„Многу повеќе."
Дали конечно сте ја сфатиле тежината на грешката, особено кога таа ве „удри по џебот"?

"Дури и така, но најтешко ми беше кога сфатив колку ми наштети на моето семејство. Поради тоа што го направив сфатив каде што живеам, со кого се дружам, каде работам, и кои се моите пријатели. Исто така сфатив дека јас сум јавна личност, иако себеси никогаш не си се претставувал како таков. До тој медиумски линч и не знаев дека е така, дури тогаш сфатив дека јас сум позната, јавна личност и никогаш не треба да ги обелодениш својот политички поглед на светот. Тоа е смртен грев. Инцидентот во кошарка им даде прекрасна причина, да бидам нападнат. Прво ме 'обесија', дека сум бил крајно агресивен дека сум го отепал судијата
Моја среќа е тоа што не отидов предалеку, и што успеав да се договорам со клубот, но не и со него, тоа е прашање на судски работи. Да, казната е многу висока, морав да го продадам стариот стан, за да можам да ја платам казната, но јас бев изненаден од фактот дека португалскиот судија имал адвокат, од Марибор, ха, ха, ха.. Тогаш мојот свет се распадна. Јас го хранам семејството од мојата работа, не добивам пари од некое министерство или градот. Мојот имиџ во јавноста претрпе катастрофа. Спонзорите почнаа да ме избегнуваат во еден голем лак. Бев спасен со фактот дека сум 'бренд' во делот на поранешната држава".

Дали некогаш сте се запрашале зошто седевте покрај аут линијата во Стожице?

"Јас сакам кошарка, затоа порано уживав во мајсториите на Вилфан, на Здовц, и нивните ремек-дела. Ако Марибор имаше кошарка, да играат во Евролигата, ќе одев и во Марибор за да гледам. Имав можност да гледам европска и југословенска кошарка во „Тиволи" и во „Стожице".

Но, во Марибор ова навистина не поминува. Тоа беше натпревар на Олимпија, во „Стожице"?

"Мојот филм пукна поради тоа кривично гонење и судска разврска. Но без грижи, мојот впечаток не беше зелен"- коментира Предин, но не заборава да каже дека научил доста работи од таа „работа".

Најново во Другата страна на спортот