ВАШИНГТОН РЕДСКИНС МУ ДАДОА ШАНСА НА ЛАЈН-БЕКЕРОТ

Внукот на Боб Марли ќе игра американски фудбал!

Нико Марли, внукот на легендарниот реге-музичар Боб Марли ќе ја започне својата НФЛ-кариера откако доби договор со тимот на Вашингтон Редскинс

објавено: 17 мај 2017 - 22:30

Лајн-бекерот на Тулејн универзитетот потпиша договор откако импресионираше на дебитантскиот камп и во вторникот официјално беше додаден во тимот на Редскинс.

Нико Марли не е прв од славното јамајчанско семејство со интерес во спортот, откако неговиот татко Роан играше во тимот на Мајами Долфинс на почетокот на 1990-тите, пред да се пресели во Канадската фудбалска лига (ЦФЛ) со тимот на Отава Раф Рајдерс.

„Секогаш сум сакал да направам нешто сам. Никогаш не сум велел дека ќе бидам како мојот татко или како мојот дедо. Секој треба да има нешто сопствено, нешто што мора да го заврши. Тоа го научив од моето семејство“, изјави Нико Марли.

Најново во Другата страна на спортот