НЕМИРНО Е И ВО САНКТ ПЕТЕРБУРГ

ВО РУСИЈА Е ОПАСНО И НА ПАРКИНГ: Немој да се расправаш за место

Лекцијата ја научи стоперот на Зенит, Денис Терентјев...

објавено: 30 ноември 2017 - 20:00

Дефанзивецот на Зенит, Денис Терентјев долго ќе го памети паркирањето пред својот стан во Санкт Петербург во средата навечер.

Овој 25. годишен фудбалер бил буквално претепан од страна на двајца непознати напаѓачи, а според информациите на локалните медиуми, причината била расправијата околу паркинг местото.

Во овој напад Терентјев се здобил со неколку подливи и расекотини, пред се по лицето, а констатирана му е и повреда на главата.
Итната помош брзо го „пронашла", и по лекарската реакција, за среќа, дефанзивецот на Зенит е надвор од животна опасност.
Полицијата најави детална истрага, а фудбалерот го официјализираше случајот на својот Инстаграм профил.

Најново во Другата страна на спортот