САКАШЕ ДА ЈА БРАНИ СВОЈАТА РОДНА ЗЕМЈА, НО...

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Палестински фудбалер го сними моментот на своето ранување

Ужасна снимка доаѓа од "Појасот Газа" деновиве го обиколи светот...

објавено: 5 април 2018 - 10:20

Ужасна снимка доаѓа од "Појасот Газа" деновиве го обиколи светот.
Имено, палестинскиот фудбалер, и член на Ал Салах, Мохамед Кхалил го сними моментот на своето ранување кое се случило пред неколку дена, токму во оваа „забранета територија".
Како и илјадници други жители на Газа, Кхалил дошол до оградата која ги раздвојува Палестина и Израел, за да учествува во протестите на Денот на земјата.
Во камерата поставена пред него, Кхалил говори за тоа како Израел ја окупирал палестинската земја, а потоа следува пукање.
На снимката се гледа како куршумот од снајперот го погодува фудбалерот во колено и го разнесува по што јасно е дека кариерата е готова.

А лекарите велат дека ќе бидат потребни и неколку оперативни зафати за несреќниот фудбалр може воопшто да оди како што треба.

Во нападот на израелската војска на Палестинците во тој ден загинале 17 луѓе, а Кхалил бил еден од 1.400 кои биле ранети.  

Најново во Другата страна на спортот