СТАНА ХИТ НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ

Втрча гол на теренот по 518. пат во кариерата, и испрати порака до светот „мир плус љубов" (ФОТО)

За време на натпреварувањето во брзо лизгање на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг се случи една несекојдневна ситуација.

објавено: 25 февруари 2018 - 20:25

Во еден момент на патеката влета Британецот Марк Робертс, носејќи на себе само една розева сукња, и плишан мајмун во пределот на слабините...

И ова не беше првиот негов обид за ваква работа, односно да се одлучи за еден ваков потег. Пред се затоа што Робертс зад себе има подолга историја на вакви „влетувања" на спортските арени".
Попрецизно кажано, досега овој човек го направил тоа во 518 наврати.
А се почнало по еден пријателски облог. На пошироката јавност и стана уште попознат кога на Супер Бол мечот во 2004 година успеа да влета на теренот пред милионскиот аудиториум.

Во Пјонгчанг, сцената не беше баш згодна за гледачите во салата. На градите на Британецот со големи букви пишуваше „мир +љубов". На теренот успеа да помине неколку секунди, а тогаш организаторите го спречија да „заврти цел круг".
Со овој потег се чини дека Робертс стана вистински победник на игрите.
Уште еднаш успеа да го насочи вниманието на светската јавност кон себе.

Најново во Другата страна на спортот