РУСКАТА ТВ ВОДИТЕЛКА Е ЕДНА ОД НАЈУБАВИТЕ

Заштитното лице на СП 2018, вмешана во секс скандал

Инстаграм профилот на Викторија Лопирева бил хакиран

објавено: 10 јануари 2018 - 17:15

Руската телевизиска водителка Викторија Лопирева се најде во центарот на секс скандалот и тоа не по нејзина вина. Убавата девојка стана жртва на хакерски напад. Непознат хакер влегол во инстаграм профилот на Лопирева и постирал слика од фудбалерот Павел Мамаев и неговата жена Алана, кои лежат полуголи. 

Семејството Мамаеви не излегуваат прв пат во јавноста со такви фотографии, но овојпат чудно е како таа фотографија заврши на инстаграм профилот на Лопирева, која е заштитно лице за Светското првенство кое следната година ќе се игра во Русија.

Најново во Другата страна на спортот