ТРЕНЕРОТ НА РБ ЛАЈПЦИГ СО МЕРКИ ЗА НЕПОСЛУШНИТЕ

Заврти за да си ја дознаеш казната

Кој ќе задоцни, кој нема да слуша ќе го врти „тркалото на казните"

објавено: 13 септември 2018 - 14:58

Иновација на тренерот на РБ Лајпциг Ралф Рангник - „тркало на казните". Непослошните фудбалери сами ќе си одредуваат каква казна ќе добијат со тоа што ќе го завртат тркалото. Да не се придржува кон стандардните казни како парични или суспензии, Рангник реши да воведе поинаков метод.

Меѓу казните се:

три часа работа во клупската продавница

да сервира храна во клупското бифе

да ја преземе улогата водич на стадионот при посетите на странците

да ја искоси тревата на теренот

да исчисти дел од трибината

да им купи подароци на другите фудбалери и стручниот штаб

можеби најнепожелното: да тренира облечен како балерина.

Најново во Другата страна на спортот