ИЗГЛЕДОТ ЗНАЕ ДА ИЗЛАЖЕ

Жена-чудо, поубава од манекенка, а се тепа како маж (Фото)

Рејчел Остович има 26 години, а е дел од Ултимејт фајт шоуто во „мува“ категорија

објавено: 8 јануари 2018 - 16:25

УФЦ неодамна создаде нова „мува“ категорија и веднаш организираше турнир на кои учествуваа 16 девојки. Нико Монтаро (29) е новата шампионка, која беше една од аутсајдерките, но со борбите покажа дека може да победи секого и да стигне до шампионскиот трон.

Освен Монтеро, свој печат на турнирот остави и Рејчел Остович која има 26 години и доаѓа од Хаваи. Рејчел многу повеќе изгледа на манекенка и модел, отколку на борец, но во рингот покажува дека нема милост. 

Во деби борбата, против Карин Геворгјан, Рејчел за само 60 секунди ја натера противничката да се предаде. На крајот од турнирот, Рејчел имаше три победи и три порази, а инкасираше 20.000 долари. 

„Кога ја видов како бара да биде прекината борбата, ми олесна. Сите тренинзи и макотрпна работа се исплатеше. Не се борам само во рингот, туку и во животот. Јас сум жена, мајка, борец“, рече Рејчел по победата во рингот, која ја нарекуваат и „Вондер вомен“.

 

 

Најново во Другата страна на спортот