Хокејот е опасен и ако си гледач

Жестока тепачка на хокеарски меч во Словачка (ВИДЕО)

објавено: 24 септември 2018 - 22:55

Дека хокејот не е опасен спорт само долу на мразот, потврдува и видеото кое се појави денеска од мечот меѓу словачки Зволен и унгарски ДВТК одигран викендов во рамките на словачкиот шампионат. Имено, додека траеше средбата, во третата третина дошло до голема тепачка на трибините во која учествувале навивачите на домашната екипа и редарите во арената.

Пресметката се префрлила и кон една помала група навивачи од Унгарија каде имало и голем број деца.
Засега нема конкретни информации за повредени, но од видеото може да се види дека некои од учесниците во немирите не поминаа само со полесни повреди.

Најново во Другата страна на спортот