ФРАНЦУСКАТА ЛЕГЕНДА ВО КОНФЛИКТНА СИТУАЦИЈА

Зидан не го заборава семејството Ле Пен

Веројатно најдобриот француски фудбалер на сите времиња го обнови својот „дуел“ со Ле Пен кој датира уште од 2002 година.

објавено: 30 април 2017 - 13:00

Зинедин Зидан и Ле Пен, уште еднаш.

Веројатно најдобриот француски фудбалер во историјата, и некогаш играч со потекло од Алжир, не гледа баш со благонаклоност кон можеби идниот претседател на Франција, Марин Ле Пен.

Во пресрет на вториот круг на претседателски избори во Франција, актуелниот тренер на Реал Мадрид изјави дека екстремната десница не е добра за неговата земја, но и за остатокот на светот.

„Екстремистите никогаш и никаде не се добри“- рече неодамна Зидан, кој уште во 2002 година се спротивставуваше на кандидатурата на Жан-Марин Ле Пен, таткото на актуелниот предводник на десничарското движење “Национален фронт“.

Но Зидан доби и една контра-реакција, токму од „ наследникот“ во семејството Ле Пен.

„Кога ќе погледнам колку заработува, неговите коментари не ме чудат воопшто. Претпоставувам дека од финансиски причини е заинтересиран за победа на Макрон, се со цел да го сочува богатството заработено по заслуга на талентот кој го поседува“- рече Ле пен.

По сето ова останува дилемата дали се се сведува на една популистичка изјава, или во недореченоста се крие намерата, во случај, на нејзино доаѓање на чело на Франција, богаташите да добијат друга даночна политика. 

Како и да е, Зинедин Зидан беше и ќе остане важна политичка фигура во оваа земја.

Пред се затоа што уште од кога мултиетничкиот, мултирелигискиот, и мултикултурниот фудбалски тим на Франција во 1998 година стана светски првак, популарниот „Зизу“ активно се залагаше за тоа француското друштво да остане отворена споре мигрантите и избеглиците од другите краеви на светот.

Помеѓу 63 и 66% од жителите на Франција се од христијанска вероисповед, додека седум до девет отсто се од муслиманска вера

Ското десет проценти од жителите на Франција ги сочинуваат мигранти од ралични краеви на светот, пред се од Африка.

Според истражувањата од 2004 година, кои ги изврши еден француски Институт, 85% од Французите се белци (51. милион), десет отсто им припаѓа на народите од северот на Африка (6.милиони), а 3.3 % водат потекло од централна и Јужна Африка, и се со исклучително темна боја на кожата (два милиони).

Околу еден милион Французи се со потекло од Азија.

Инаку, во Франција, на 7. мај ќе биде одржан вториот круг од претседателските избори во кои ќе се најдат Ле Пен (21.3% во првот круг), десничарка и ЕУ-скептик, која се залага за излегување на Франција од Европската унија и за затворање на мигрантите, како и Емануел Макрон, социјал-демократ, и про европски ориентиран политичар кој собра 24.01% во првиот круг од гласањето

Најново во Другата страна на спортот